Словенецот Чатер со сензационална спусташка победа во Вал Д’Изер

Словенецот Чатер со сензационална спусташка победа во Вал Д’Изер

пред 3 години

Словенечкиот скијач Мартин Чатер стигна до сензационална победа на првиот спуст од новата сезона од Светскиот куп во францускиот ски-центар Вал Д’Изер.

27-годишниот Чатер ги искористи одличните услови за скијачите со поголем стартен број за да ја помине патеката со време од 2:04.67, за 0.25 секунди побрзо од Австриецот Отмар Штидингер, доедка Швајцарецот Урс Крајенбихл беше трет со дополнителни 0.05 секунди послабо време.

Ова беше прв подиум во кариерата на Чатер (кој стартуваше како 41.), со најдобар резултат шесто место во супер-џи трката во норвешкиот Квитфјел во февруари 2017 година, додека најдобар спусташки пласман му беше осмото место во Венген во јануари 2019 година.

„Знаев дека имам добро возење, но не и толку добро. Се надевав на топ 10, топ 15 пласман, само да не сум некаде на 30-тото место, како кога мислите дека сте брзи а не е така“, вели Чатер.

Share
Scroll to Top