Смртни закани: Леброн, ќе те убијам на тај-аут

Смртни закани: Леброн, ќе те убијам на тај-аут

пред 4 години

Леброн Џејмс добил смртни закани на социјалната мрежа Инстаграм.

На оваа мрежа од профилот „wintess.kevin.durant“, била испратена порака дека Леброн, на 18.февруари, кога Лејкерис ќе гостуваат кај Бруклин Нетс, ќе добие куршум во главата.

„Во четврток, на 18.февруари, ќе дојдам на натпреварот помеѓу Лејкерс и Нетс. Во арената ќе внесам пиштол и ќе те убијам додеа трае тај-аутот. Леброн, предупреден си“, напишал овој човек, кој набргу се извинил.

„Би сакал јавно да му се извинам на Леброн поради заканите. Тоа беше шега. Ми стана јасно дека смртните закани не можат да бидат шега, бидејќи луѓето ги разбираат сериозно. Можете да ме мразите, да можам да го вратам времето ова никогаш не би го објавил“.

Share
Scroll to Top