Сонг: Не знам ниту еден српски фудбалер

Сонг: Не знам ниту еден српски фудбалер

пред 2 години

Фудбалската репрезентација на Камерун, ќе се натпреварува во најтешката група на Светското првенство во Катар. Во Г-групата покрај Камерун се и Бразил, Србија, односно Швајцарија.

Ноцвиот селектор на Камерун, легендата на оваа земја, Ригоберт Сонг, анализирајќи ја групата, помалку потценувачки зборувал за Србија.

„Искрено, не знам ниту еден играч на Србија. Сега ќе побарам повеќе информации, пред еден месец станав селектор. Ќе работам со своите помошници, ќе направиме добра анализа и подготовка за тие натпревари. Мислам дека ова е најтешката група. Но во денешниот фудбал не постојат слаби групи. Во секоја група има добри тимови, сите сакаат да победат. Сите добро подготвени и со голема самодоверба ќе дојдат на турнирот“, рекол Сонг.

Камерун првиот натпревар на СП ќе го одигра против Швајцарија, а потоа ќе игра против Србија и Бразил.

Share
Scroll to Top