Спинацола од постела го слави пласманот на Италија во финалето

Спинацола од постела го слави пласманот на Италија во финалето

пред 3 години

Италија го доби пенал-рулетот против Шпанија за пласман во финалето на Европското првенство.

Локатели и Олмо промашија во првата серија, потоа голманите не можеа да одбранат ништо се до четвртата серија кога Донарума го скроти ударот на Мората. Во наредната серија Жоржињо погоди и ја однесе Италија во финалето.

Ивездувањето на пеналите емотивно го проследил, Леонардо Спинацола. Левиот бек, кој беше најдобра италијански играч во првите пет натпревари, се повреди во четврт-финалето против Белгија.

Поради повредата на Ахиловата тетива тој ќе паузира пет до шест месеци.

Драмата на Вембли, Спинацола, ја следеше од својот тим, во друштво на семејството и неколку пријатели.

„Благодарам, благодарам, напред!“, викаше Спинацола кога Жоржињо го погоди решавачкиот пенал.

Се очекува Спинацола да биде во недела, во Лондон, кога Италија ќе се бори за европската титула.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CALCIATORIBRUTTI (@calciatoribrutti)

Share
Scroll to Top