Срамен пораз на Цедевита Олимпија во Париз

Срамен пораз на Цедевита Олимпија во Париз

пред 8 месеци

Кошаркарите на Цедевита Олимпија неславно завршија уште една сезона во Еврокупот.

Тимот од Љубљана во 18. коло беше поразен од Париз, најдобрата екипа во групната фаза на натпреварувањето, со резултат 119:66, што е навистина недозволиво за клуб со такво реноме и пристоен буџет.

Словенечкиот тим забележа само еден триумф, пред две недели против Хамбург на гостински терен и со учинок 1-17 и кош разлика 1509:1660 ја заврши сезоната во второто најсилно клупско натпреварување во Европа.

Париз на полувремето веќе имаше 28 поени предност (64:36), а на крајот од дуелот имаше максимални плус 55.

Најефикасни кај домашниот тим беа Хеифи и Ворд со по 20 поени, додека македонскиот претставник Ти Џеј Шортс забележа 11 поени, пет скока и 12 асистенции.

Share
Scroll to Top