„Ставот на Мбапе е скандалозен, тоа е недостаток на почит“

„Ставот на Мбапе е скандалозен, тоа е недостаток на почит“

пред 7 месеци

Поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари со „дрвја и камења“ врз сонародникот Килијан Мбапе.

Повод секако е првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Барселона во Париз. Каталонците славеа како гости на Паркот на принцовите со 3:2, а Килијан Мбапе разочаруваше со играта во текот на 90 минути.

„Тој го покажа најлошото во фудбалот, најлошо од играчите од врвна класа. Може да згрешите при додавање, да не дриблате и да имате лош ден, но неговиот однос беше скандалозен, недостигаше почит“, ги пренесоа светските медиуми зборовите на Кристоф Дугари, поранешен фудбалер на Бордо, Милан, Барселона…

Статистичарите пресметале дека Мбапе добил само два од вкупно десет дуели против Барселона, дека му успеал само еден дриблинг за 90 минути и дека немал ниту еден удар кон голот, ниту пак им асистирал на соиграчите.

Реваншите од четвртфиналето на Лигата на шампионите се закажани за следната недела: Барселона и Пари Сен Жермен играат во вторник, а Борусија и Атлетико Мадрид во Дортмунд. Реал Мадрид во среда ќе гостува во Манчестер, додека тимот на Арсенал ќе пристигне во Минхен.

Share
Scroll to Top