Стејк тимот го претстави болидот за новата сезона

Стејк тимот го претстави болидот за новата сезона

пред 11 месеци

„Ова не е Формула 1 болид каков што сте виделе досега. Агресивен, возбудлив, различен – на и надвор од патеката: Стејк Ф1 Тим Ц44 конечно е тука и за него веќе се зборува во светот на мотоспортот“, со овоие зборови започнува соопштението за медиумите, по преземтацијата на болидот на Стејк тимот за новата сезона во првенството на Формула 1.

Валтери Ботас и Џоу Гуанжу за прв пат ќе ги возат новите машини во петок, на приватен настан за сопствениците во Барселона, пред да заминат во Бахреин на тридневниот тест што ќе го означи официјалниот почеток на сезоната.

Од фабриката се надеваат дека хармонично распоредените црни и зелени бои ќе бидат привлечни за секој фотограф на патеките ширум светот, но и лесно ќе го привлече вниманието на гледачите покрај ТВ екраните.

„Ц44 е резултат на работата на стотици луѓе во Хинвил, кои работеа со месеци на дизајнот, развојот и конечно претставија нов болид кој е возбудлив“, велат од Стејк Ф1 тимот.

„Ц44 дава дефинитивно поинакво чувство, и поради неговиот изглед, но и поради она што го очекуваме од самиот автомобил. Треба да работиме како да го извлечеме максимумот од овој „пакет“ кој има импресивен потенцијал, ништо друго не е важно. Лично влегувам во трета сезона со тимот, целите треба да бидат повисоки. Моите лични очекувања се големи и дефинитивно треба да направиме добри чекори и да напредуваме во однос на минатата година, во која, искрено кажано, не ги исполнивме целите што си ги поставивме“, изјави Валтери Ботас.

Share
Scroll to Top