Класниќ на суд го победи лекарите, ќе добие 4.000.000 евра

Класниќ на суд го победи лекарите, ќе добие 4.000.000 евра

пред 3 години

Поранешниот фудбалски репрезентативец Иван Класниќ, ја добил тужбата против германските доктори, обајви „Индекс“. Како компензација за погрешната дијагноза и несоодведното лекување, Класниќ ќе добие 4.000.000 евра.

Класниќ покренал тужби против долгогодишниот доктор на фудбалскиот клуб Вердер, Гец Димански и докторите по интерна медицина, Мања Гуха и Херман Холзитер, кој во меѓувреме починал.

Класниќ пред германските судови тужбата ја поднел пред 12 години.

Во 2005 година, Иван Класниќ, заминал на рутинска операција на слепото црево. Бидејќи во тој периодбил професионален фудбалер, тој два пати бил прегледан од споменатите лекари. Тие не забележале дека фудалерот има сериозен проблем.

Класниќ имал проблем со бубрезите. Неправилноста во работата на бубрезите му била дијагностицирана во текот на операцијата на слепото црево. Било проценето дека дисфункцијата на бубрезите морало да се знае во 2002 година.

Поради тоа тој морал да стави крај на кариерата, а дури од трет пат успешно му била изведена трансплатацијата.

Share
Scroll to Top