Струга во Скопје го победи Вардар

Струга во Скопје го победи Вардар

пред 5 часа

Вардар, во дербито на 12-то коло, во домашното првенство, загуби од Струга 0:1 (0:1). Стружани се втори на табелата со бод помалку од лидерот Шкендија, додека Вардар има 21 бод, шест помалку од првопласираниот тим на табелата.

Единствениот гол во 31-та минута, го постигна напаѓачот Марјан Радески. Фал нафрли од левата страна, одбраната на Вардар не реагираше, а откако топката дојде до Радески тој го совлада голманот Талески.

Претходно, во осмата минута, ВАР-от поради офсајд го поништи досудениот пенал за Вардар.

Во вториот дел Вардар изврѓи опсада врз голот на Струга, но не успеа да постигне гол.

Табела:

Share
Scroll to Top