Суарез во ноември ќе го напушти Насионал

Суарез во ноември ќе го напушти Насионал

пред 2 години

Луис Суарез нема долго да остане во уругвајскиот Национал, во кој се врати летово.

Гигантот од Монтевидео е матичен клуб на Уругваецот. Како што вели, сакал неговите три деца да го видат како игра во дресот на неговиот сакан клуб.

Сепак, оваа епизода во неговата кариера нема да трае долго. Ова го и потврди Осе Фуентес, претседател на Национал.

„Кога Клаусурата ќе заврши во ноември, Луис Суарез ќе го напушти Национал. Не сакам нашите навивачи да имаат лажни очекувања. Тоа беше договорено и не може да се промени“, изјави Фуентес.

Национал во моментов го дели првото место на табелата со Ривер Плата. До крајот на Клаусура остануваат уште шест кола. Суарез постигна четири гола на седум натпревари за Национал.

Суарез во својата кариера ги носеше и дресовите на Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.

Share
Scroll to Top