Суарез: Сакаа да ме тргнат од Меси

Суарез: Сакаа да ме тргнат од Меси

пред 4 години

Луис Суарез за уругвајските медиуми проговорил за неговиот однос со Лионел Меси. Тој раскажал дека изминатите месеци често разговарале за желбата на меси да ја напушти Барселона.

„Од почит кон нашиот однос нема да откријам за што разговаравме, но тој беше во многу тешка ситуација“, рекол поранешниот напаѓач на Барселона.

„Тој сакаше да замине, а клубот не сакаше да го пушти. Се обидов да го поддржам, да се грижам за него, да му го свртам вниманието од целата таа ситуација во која се наоѓаше“.

Уругваецот тврди дека поради неговиот добар однос со Меси клубот донел одлука тој да замина.

„Мислам дека сакаа да ме тргнат од него, можеби им пречеше што сме во добри односи. Тоа што тој сакаше да замине немаше врска со мене. Требаа да ја почитуваат неговата одлука“, рекол Суарез и дополнил.

„Постој можност Меси да заигра за некој друг клуб, но доколку започне повторно да се чувствува комотно и среќно и доколку се смени раководството тогаш тој ќе сака да остане во Барселона. Тој е мој пријател и мене би ми било драго да остане и да биде успешен, но доколку реши да замине ќе ја поддржам и таа негова одлука“.

Share
Scroll to Top