„Супер ми е во ПСЖ, но не знам дали е тоа најдоброто место“

„Супер ми е во ПСЖ, но не знам дали е тоа најдоброто место“

пред 3 години

Иднината на Килијан Мбапе е во ПСЖ или на некое друго место? Одговор на ова прашање не може да даде талентираниот напаѓач, чии договор со ПСЖ истекува наредното лето.

Мбапе, во изминатиот период, редовно се поврзува со Реал Мадрид. Напаѓачот, досега ги одбил сите предлози на ПСЖ за продолжување на договорот.

„Морам да донесам вистинска одлука, а тоа нема да биде лесно. Се наоѓам во клуб во кој се чувствувам среќен. Но дали тоа е најдоброто место за мене? На тоа прашање се уште немам одговор“, рекол Мабпе.

„Знам дека, со мене и без мене, проектот на ПСЖ не е ист. Тие знаат како размислувам, знаат дека нема да им работам зад грб. Да се биде голем играч значи и да знаеш како да се однесуваш и кон работите кои не се поврзани со фудбалскиот терен“.

Многумина оваа негова изјава ја протолкуваа како најава дека наскоро тој ќе се пресели во друг клуб.

Share
Scroll to Top