Тајсон Фјури всушност се вика Лук Фјури?

Тајсон Фјури всушност се вика Лук Фјури?

пред 4 години

Британскиот тешкаш Дилијан Вајт тврди дека вистинското име на Тајсон Фјури е Лук и дека го сменил името „само за да звучи посилен“.

Фјури е актуелен ВБЦ шампион во тешка категорија и еден од најатрактивните тешкаши во последната деценија, а неговиот татко Џон тврдеше дека неговото име го добил по легендарниот Мајк Тајсон, но Вајт вели дека тоа не е вистина.

„Моето вистинско име е Дилијан. Знам дека неговото вистинско име е Лук. Тој го смени името за да биде поцврст. Луѓето може да прочепкаат на Интернет и да го дознаат сами тоа. Во боксот името Тајсон многу полесно се продава отколку Лук. Многу работи кои тој ги кажува се игра, не ги сфаќајте сериозно. Тој можеби вели дека сака да влезе во рингот со мене, но како да му верувате на човек кој го крие своето име?“, вели 32-годишниот Вајт, кој викендов боксува во римеч со Русинот Александер Поветкин.

Популарниот „Џипси Кинг“ во минатото откри дека неговото средно име е Лук, но инсистира дека се вика Тајсон. Џон Фјури, неговиот татко кој беше познат како боксер без ракавици, има приказна за името.

„Кога се роди имаше помалку од килограм. Докторите ми кажаа дека најверојатно нема да преживее. Но, јас им кажав, нема да биде мал, ќе биде џин и шампион. Си помислив дека има име за таков фајтер. Мајк Тајсон беше најдобриот, така што тој стана Тајсон Лук Фјури“, открива Џон Фјури.

Share
Scroll to Top