Тео Ернандез: За мене и за Хакими најдобро е што си отидовме од Реал

Тео Ернандез: За мене и за Хакими најдобро е што си отидовме од Реал

пред 4 години

Паоло Малдини е „виновникот“ што Милан има класа играч на левата бековска позиција во името на Тео Ернандез. Французинот за кратко време стана еден од најдобрите во составот на „Росонерите“, а тоа повторно го покажа и во четвртокот во Белград, на мечот со Звезда.

Утре на програмата во Серија А е „Дерби дела Мадонина“ и сите во Милано размислуваат за тој меч.

„Овде во Милано сите дербија се важни, но овој добива на значење поради позицијата на табелата. Ќе биде тоа сјајно дерби, тежок и интензивен меч. Ќе ја играме својата игра и ќе се бориме за победа“ изјави Ернандез за „DAZN“.

Левиот бек на Милан „пука“ од самодоверба сезонава, а Малдини смета дека Тео може да стане еден од најдобрите играчи во светот на оваа позиција.

Тео Ернандез и Ашраф Хакими ги спојува Реал Мадрид. Во Кралскиот клуб двајцата не беа среќни, па патиштата им отидоа кон Милано, но во спротивните табори.

„Не очекував дека Реал ќе не пушти. Двајцата бевме во Реал и не игравме многу. Најдоброто што можевме да го сториме е да си отидеме затоа што ако не играте, не сте среќен. Хакими е неверојатен играч, талентиран, брз, има квалитет. Повеќе или помалку сме слични. Одличен пријател е. За дербито сите сме непријатели на теренот“ рече Ернандез.

Share
Scroll to Top