Тим е неизвесен за Вимблдон – водеше 5:2, па предаде поради повреда!

Тим е неизвесен за Вимблдон – водеше 5:2, па предаде поради повреда!

пред 3 години

Од лошо – полошо. Така барем изгледа моментната ситуација за австрискиот тенисер Доминик Тимима лоша сезона.

По стартните проблеми сезонава не успеа да се извлече ниту на неговата омилена подлога – земјената. Рано беше елиминирана на Ролан Гарос, но агонијата за него продолжува.

Тим играше на турнирот во Маројка, на трева, за да се подготви за Вимблдон, но може да се случи воопшто да не го види Лондон.

Австриецот денеска играше против Адријан Манарино, водеше 5:2 во првиот сет, по што побара медицински тајм-аут. По пожали на повреда со зглобот на раката. Лекарот се обиде да му помогне, но неуспешно.

Тим го предаде мечот што не е добар знак пред Вимблодн кој започнува за 6 дена.

Надал нема да го гледаме во Лондон, Федерер се чини не е доволно подготвен, па доколку го нема ниту Тим, битката за трофеј ќе се бара меѓу Ѓоковиќ, Медведев, Циципас и Зверев.

Од сите овие, само Новак доаѓал до финале и освојувал пехан на неофицијалното Светско тениско првенство.

Share
Scroll to Top