Томас Милер не е на списокот патници на ОИ во Токио

Томас Милер не е на списокот патници на ОИ во Токио

пред 3 години

Фудбалерот на Баерн Минхен, германскиот фудбалски репрезентативец Томас Милер (31) нема да биде дел од селекцијата на Германија на Олимписките игри ова лето во Токио, потврди денеска ФС на Германија (ДФБ).

Милер не е на списокот на играчи кој неодамна германската анти-допинг агенција го изработила за ОИ во Токио кои е планирано да започнат на 23 јуни. Комплетната листа на репрезентативци и натаму се држи во тајност.

Секоја олимписка фудбалска селекција има право на тројца играчи постари од 23 години.

Напаѓачот Томас Милер пред минатогодишното одлагање на Игрите поради пандемијата на коронавирусот беше во план кај селекторот на олимпискиот тим, Штефан Кунц, а самиот фудбалер тогаш изјави дека би било „кул“ да го носи дресот на Германија во Токио.

Share
Scroll to Top