Тотенхем го потврди ангажманот на голманот на Аталанта, Пјерлуиџи Голини. 26-годишниот голман, во Лондон пристигна на позајмица, а Тотенхем ќе има можност по завршувањето на сезоната да го откупи неговиот договор за 15 милиони евра.
Голини, дел од кариерата, мина во Англија. Како јуниор бил во академијата на Манчестер јунајтед, во 2016 година за шест милиони евра се пресели во Астон Вила, но по само шест месеци го напушти Бирмингем.
Конкурент за место во тимот ќе му биде капитенот Иго Љорис.
✍️ We are delighted to announce the signing of goalkeeper Pierluigi Gollini from Italian side Atalanta on a season-long loan, with an option to make the transfer permanent.
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) July 24, 2021