Уапсен е претседателот на Бенфика

Уапсен е претседателот на Бенфика

пред 3 години

Претседателот на фудбалскиот клуб Бенфика и уште три лица се уапсени денеска во Португалија поради сомнеж за измама и затајување данок, јавуваат локалните медиуми.

Португалските власти извршиле 45 претреси во Лисабон и во Брага, а официјално се соопштува дека меѓу уапсените се „двајца бизнисмени, спортски агент и челник на клуб“. Притоа не се споменува претседателот на Бенфика, Луис Фелипе Виеира (72).

Обвинителството истражува „факти кои се случувале од 2014 година до денес и кои се однесуваат на кривични дела измама, фалсификување и перење пари“.

Наводите се дека Виеира го измамил банкарскиот систем искористувајќи ја положбата како претседател на клуб да му помогне на неговиот пријател Дос Сантос да оствари голема заработка од продажбата на акции на Бенфика, во замена за бришење на неговите долгови.

Виеира од 2003 година е претседател на Бенфика, а последните години се поврзува со многу оптужби.

Share
Scroll to Top