Фалкао ја избрал „тројката“ во Рајо во чест на неговиот татко

Фалкао ја избрал „тројката“ во Рајо во чест на неговиот татко

пред 3 години

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, неодамна доби нов соиграч, славниот колумбиски напаѓач Радамел Фалкао, кој ги изненади сите со изборот на дресот со број 3 во Рајо Валјекано, број обично поврзуван за одбранбени играчи.

35-годишниот Фалкао открива дека го избрал својот дрес во чест на неговиот татко, Радамел Гарсија, кој почина во 2019 година на само 61 година.

„Сакам да се заблагодарам на Фран Гарсија, кој ми го предаде бројот 3. За мојот татко тој број имаше многу значење, така што морав да го изберам поради човекот кој ми ја пренесе страста кон фудбалот. Секогаш играше подобро со бројот 3“, вели Фалкао, кој пристигна во Шпанија по две години во Галатасарај.

Share
Scroll to Top