Фановите на Интер протестираат – Морати прашува: Поважни се парите или тимот?

Фановите на Интер протестираат – Морати прашува: Поважни се парите или тимот?

пред 3 години

Навивачите на Интер ги интензивираат протестите против претседателот Стивен Жанг околу најавената продажба на Ромелу Лукаку на Челси, додека поранешниот претседател Масимо Морати изјави дека крајно разочаран од насоката во која се движи клубот.

И покрај ветувањата дека Ашраф Хакими ќе биде единствениот фудбалер од шампионскиот тим кој ќе биде продаден, се верува дека е блиску до реализација трансферот на Лукаку за 130 милиони евра.

Фановите пред седиштетото на клубот во Милано поставија голем банер и на англиски му порачаа на претседателот: „Жанг, времето истече“. Друг банер додаде: „Тренери и фудбалери, ја имате нашата поддршка, очекуваме единствено и пот од вас. За доброто на Интер“.

Морати, кој го продаде клубот на кинеските газди, предупреди дека продажбата на Лукаку ќе биде добра за финансиската стабилност, но дека ќе мора да се постави прашањето: „Поважни се парите или тимот?“.

„Не ја знам точната ситуација, но секако дека ги привлекува таква голема сума. Не знам дали е доволна да се реши економскиот статус. Ако Лукаку остане, тоа значи силен тим, и ќе видиме што значи повеќе за нив, парите или тимот“, вели Морати.

Share
Scroll to Top