Ултрасите на Јувентус им „вратија“ на своите ривали од Фиорентина, кои вчера го нарекоа Душан Влаховиќ, последниот фудбалер кој премина од Фиренца во Торино, „кукавица“, храбро поставувајќи банер пред нивниот стадион „Артемио Франки“.
Во првиот банер на улиците на Фиренца пишува: „Од Баџо до Влаховиќ, подавајќи до Киеза. Фала подружен клубу до следната продажба“, додека пред стадионот на Виола беше поставен друг банер со порака: „За гордост и слава на Фиренца? Ниту вашите играчи не се сеќаваат на тоа, вистината е дека не вредите ниту г.мно“.
Фиорентина во петокот го продаде Влаховиќ на Јувентус за 80-тина милиони евра, лутејќи ги сопствените навивачи, кои во последните неколку години ги загубија и Федерико Киеза и Федерико Бернардески.