„Фармацевтите“ го најдоа лекот за „швабите“ и со играч помалку!

„Фармацевтите“ го најдоа лекот за „швабите“ и со играч помалку!

пред 3 години

Баер Леверкузен со 3-1 славеше кај Штутгарт во рамки на петтото коло во Бундеслигата.
Гостите преку Андрих уште во втората минута дојдоа во водство.

Феноменалниот чешки напаѓач Патрик Шик во 19 минута погоди за двојно поголема предност на гостите од Леверкузен.

„Фармацевтите“ се чини не ги поремети ни тоа што од 32 минута играа беа стрелецот на првиот гол кој заработи директен црвен картон.

Во 38 минута Мангала погоди за домашните за намалување на предноста на 1-2.

Во вториот дел кога се очекуваше популарните „шваби“ да ја валоризираат бројчаната предност на теренот, Вирц во 70 минута ги постави конечните 1-3.

Баер е трет на табелата по некомплетното коло со 10 поени, додека Штутгарт до само 1 победа во 5 меча е при дното на табелата.

Share
Scroll to Top