Федерер со џентлменска честитка до пријателот Рафа

Федерер со џентлменска честитка до пријателот Рафа

пред 3 години

Роџер Федерер уште не е подготвен да се врати на тениските терени, но сигурно го следеше епското финале на Ролан Гарос, каде што Рафа Надал го израмни неговиот рекорд од 20 гренд слем титули со убедливата победа над Новак Ѓоковиќ.

Тој се јави со порака на социјалните мрежи со честитки за Надал, човекот кој секогаш го почитувал.

„Секогаш сум имал огромна почит за мојот пријател Рафа како личност и како шампион. Како мој најголем ривал толку многу години, верувам дека се туркавме да станеме подобри играчи. Затоа, вистинска чест е да му честитам на 20. гренд слем титула. Посебно е фантастично што тој сега има дури 13 победи на Ролан Гарос, што сигурно претставува едно од најголемите остварувања во спортот. Исто така му честитам на тимот, бидејќи никој не може да го направи ова сам. Се надевам дека 20 е само бројка на нашиот пат. Честитки, Рафа, го заслужуваш тоа“, напиша Федерер.

Share
Scroll to Top