Фердинанд: Јунајтед никогаш не преговарале со Покетино

Фердинанд: Јунајтед никогаш не преговарале со Покетино

пред 4 години

Рио Фердинанд, легенда на Манчестер јунајтед и телевизиски коментатор, рекол дека новинарите покажале непочитување кон менаџерот на „црвените ѓаволи“, со пишувањата дека наскоро ќе добие отказ.

По двете победи во првите шест кола, во Премиер лигата и поразот од Башакшекир во Лигата на шампионите, англиските медиуми пишуваа дека Солскјер ќе добие отказ доколку не победи кај Евертон.

Медиумите дури и пишуваа дека Маурисо Покетино ќе го наследи Норвежанецот.

Солскјер, сепак успеа да го преживее гостувањето на „Гудисон“. Јунајтед славеа над Евертон со 3:1.

„Медиумите искажаа голема доза на непочитување кон Оле со пишувањата дека од клубот го контактирале Покетино. Дознав од многу, многу сигурни извори дека немало никакви разговори со Покетино, односно дека клубот никогаш на таков начин не би покажал непочитување кон Солскјер. Лошо е што се пишуваа такви работи, дека Оле е готови и декадоаѓа нов тренер. Тоа е некоректно. Оле добро работи, бидејќи неговиот тим секогаш победува кога тоа мора да го направи. Тоа го покажа и мечот со Евертон“, рекол Фердинанд.

Share
Scroll to Top