Ли Стивенсон, главниот механичар на ѕвездата на Ред бул, Макс Ферстапен последните неколку сезони нема да му помага на Холанѓанецот оваа сезона, откако доби поинаква позиција во тимот на Ред бул.
Стивенсон честопати беше забележуван на ТВ преносите, посебно на Унгарското ГП минатата година, кога беше во боксот и се обидуваше да го подготви болидот на Ферстапен за трка.
„Десет победи, 3 пол-позиции, 42 подиуми. Не можев ниту да сонувам за така голема авантура со најдобриот возач на светот. Штета што не освоивме светска титула заедно, но Макс сигурно ќе успее во тоа. Мојата авантура со Макс завршува и добивам нова улога во тимот, шанса која не можев да ја пропуштам. Им посакувам многу среќа“, вели Стивенсон.