Ферстапен за малку ќе стартувал со Мерцедес, открива неговиот татко

Ферстапен за малку ќе стартувал со Мерцедес, открива неговиот татко

пред 4 години

Асот на Ред бул рејсинг, Макс Ферстапен последните сезони се наметнува како главен ривал на доминантните Мерцедес, но за малку ќе бил дел од „сребрената стрела“, открива неговиот татко, Јос Ферстапен.

Ферстапен беше и ќе остане најмладиот дебитант во Формула 1 со 17 години со Торо росо во 2015 година (по што беа одредени минимум 18 години за влез во спортот), откако неговиот татко Јос Ферстапен, менаџерот Рејмонд Фермејлен успеаја да се договорат со советникот на Ред бул, Хелмут Марко. Сега, Ферстапен се подготвува за својата седма Формула 1 сезона на само 23 години.

„Макс го бараа од Лотус, Мекларен и Ферари, но Ред бул беа најзаинтересирани“, открива менаџерот Фермејлен.

Таткото Ферстапен открива подетално.

„Излеговме од просториите на Ред бул во Хокенхајм кога ми се јави Ники Лауда. Ми вели: ‘Гледам тука си со Макс, дојди да поразговараме’. Лауда беше со Тото Волф и само кратко ме праша: ‘Што ви нуди Хелмут?’. Кога слушна дека се работи за двегодишен договор, се премислуваше. Мерцедес едноставно не можеа да гарантираат место во Формула 1 бидејќи немаа втор тим“, вели Ферстапен.

Share
Scroll to Top