Макс Ферстапен ја осовои пол-позицијата, во пресрет на последната трка во сезоната, Големата награда на Абу Даби. Ова е прва пол-позиција за возачот на Ред Бул уште од Бразил во 2019 година, а вкупно четврта во неговата кариера.
Ферстапен, во борбата за пол-позицијата, ги победи возачите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон, кој повторно вози, откако поради коронавирусот ја пропушти минатата трка.
Борбата за пол-позицијата кулминираше во псоледните минути од квалификациската сесија, на крајот најбрз беше Верстепен со време 1:35.246 минути. Холанѓанецот беше побрз од Ботас за 0.025 секунди и за 0.086 од Хамилтон.
Блескаше во квалификациите и возачот на Мекларен, Ландо Норис, кој ја освои четвртата позиција.
Во првите десет се пласираа уште: Алекс Албон (Ред Бул), Карлос Саинц (Мекларен), Данил Квајт (Алфа Таури), Ленс Строл (Рејсинг Поинт), Шарл Леклер (Ферари) и Пјер Гасли (Алфа Таури).
Трката за Големата награда на Абу Даби, на патеката „Јас Марина“, утре ќе започне во 14.10 часот.