Ферстапен на пол-позицијата во Австрија, Норис втор, Расел приреди сензација

Ферстапен на пол-позицијата во Австрија, Норис втор, Расел приреди сензација

пред 3 години

Макс Ферстапен ја опрвада фаворитската улога и ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Австрија.

На патеката на Ред Бул, најголем конкурент на Ферстапен му беше Ландо Норис од Мекларен.

На крајот од квалификациската сесија Ферстапен забележа време 1.03.720 минути, а Норис беше зад него за 48 илјадити делови од секундата.

Трката од вториот ред ќе ја започне Серхио Перез, кој беше трет, а до него ќе биде седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон.

Лошата форма на Мерцедес само ја потврди Валтер Ботас кој заврши на петтото место. Следува двоецот од Алфа таури, Пјер Гасли и Јуки Цунода, осми е Себастијан Фетел, а деветти апсолутната сензација Џорџ Расел. Возачот на Вилијамс прв пат во кариерата избори пласман меѓу најдобрите десет во квалификациите. Десети трката ќе ја стартува колегата на Фетел, Ленс Строл.

Лоши квалификации имаа пилотите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц, кој завршија на 11, односно 12. место.

Share
Scroll to Top