Финикс ја продолжија победничката серија – Пол и Букер ѝ пресудија на Јута

Финикс ја продолжија победничката серија – Пол и Букер ѝ пресудија на Јута

пред 2 години

Финикс Санс и против Јута Џез ја потврдија одличната форма. Тимот на Монти Вилијамс на последните седум натпревари има ист толку победи. Финикс, во дербито ја побија Јута со 115:109.

Финикс се единствениот тимво лигата со едноцифрен број на порази. По дуелот со Јура, екипата од Аризона има 37 победи и девет порази. Јута го запиша 18.пораз и им го препушти третото место во Западната конференција на Мемфис Гризлис.

Крис Пол и Девин Букер, искомбинираа 60 поени во победата над Јута. Букер постигна 33 поени, а Пол забележа дабл-дабл од 27 поени и 14 скокови.

Чикаго Булс испуштија предност од 28 поени во Оклахома, но сепак славеа над Тандер 111:110.

Оклахома сити Тандер со неверојатна серија, во последната четвртина, успеаја да се вратат во натпреварот, на 30 секунди до крајот се доближија на поен негатива, но Зек Лавин со поените од слободни фрлања ги згасна нивните надежи дека ќе можат да приредат сензационален пресврт.

Никола Вучевиќ со 26 поени и 15 скокови, односно Зек Лавин со 24 поени го предводеа Чикаго. Дабл-дабл од 31 поен и 10 асистенции за Оклахома забележа Шеј Гилџес-Александер.



Share
Scroll to Top