ФИФА до одметнатите клубови: Ќе мора да се соочите со последиците

ФИФА до одметнатите клубови: Ќе мора да се соочите со последиците

пред 4 години

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, рекол дека оваа организација не ја поддржува Суперлигата и дека сите клубовите ќе треба да се соочат со последиците. На овој начин ФИФА ја поддржа УЕФА во борбата против одметнатите клубови.

„Денес сака да говорам за ковид-протоколите, за враќањето на фудбалот, за нашите деца и потребата да се занимаваат со спорт во безбедни услови. Сакав да говорам за местењето на натпревари, зло на кое мораме да го запреме. Сака да говорам за напредокот на Катар во организацијата на СП, за подготовките за СП за жени…Но, се се смени во последните два дена. Само една тема е важна. Читавме за војната и криминалот. Тешки зборови…Уште потешко е кога тие зборови се однесуваат на фудбалот. Зборува за проектот Суперлига. Сакам да бидам екстремно јасен. ФИФА е организација чии темел се цврсти принципи. Ние во ФИФА можеме само јасно и силно го оспориме основањето на Суперлигата. Таква креација ФИФА не може да поддржи“, порачал Инфантино на Конгресот на ФИФА.

Првиот човек на ФИФА, потоа испрати јасна порака до клубовите кои решија да ја напуштат УЕФА и да основаат своја лига.

„Тие што решија да одат по овој пат ќе мора да се соочат со последиците. Ќе бидат одговорни за својот избор. Конкретно, или сте со нас или сте сами. Не можате малку да бидете овде, а малку на друго место. Тоа мора да биде јасно. ФИФА, исто како и УЕФА, е организација во која сите можат да ги кажат своите идеи и тие идеи да бидат разгледани. Но, членките секогаш мора да ги почитуваат институциите, првенствата и натпреварувањата“.

Share
Scroll to Top