Флик: Разочаран сум и ние ја заслуживме наградата

Флик: Разочаран сум и ние ја заслуживме наградата

пред 3 години

Тренерот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик, се огласи по контроверзниот избор на ФИФА. Светската фудбалска федерација, наградата за тренер на годината, му ја додели на неговиот сонародник Јирген Клоп. Флик, со Баерн, во 2020 година ги освои првенството и Купот на Германија, Лигата на шампиони и Суперкупот на УЕФА.

По доделувањто на наградите и лауреатот Јирген Клоп рекол дека е зачуден што наградата не ја освоил неговиот колега од Баерн. Клоп, во 2020, година, по пауза од 30 години на Ливерпул му ја донесе титулата во Премиер лигата.

„Секогаш спортски ќе ја прифатиме одлуката. Сигурно е дека Клоп со својот стручен штаб ја заслужи наградата за она што го сработија. Но ја заслужив и јас и мојот тим..“, рекол Флик.

„Животот оди понатаму. Разочарани сме, мислам дека е тоа нормално. Живееме во општество во кое настапите се најважни. Ние сакавме да победуваме. Меѓутоа животот продолжува, а ние имаме нови цели. Ова е завршена работа, нашиот тим има сјајни резултати со Нојер и Роберт. Мануел е најдобар голман, Роберт е најдобар фудбалер, Кимих и Дејвис се во најдобриот тим, исто така и Алкантара кој за жал замина во Ливерпул“, дополнил предводникот на европскиот првак.

Флик, седна на клупата на Баерн во текот на минатата сезона, кога поради лошите резултати Баварците му врачија отказ на Нико Ковач.

Share
Scroll to Top