Флорентино Перез: Цитатите се извлечени од контекст

Флорентино Перез: Цитатите се извлечени од контекст

пред 3 години

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, се огласи во јавноста поради снимките од 2006 година, во кои тој ги критикува Раул и Икер Касиљас. За легендите на клубот, во изјавите, Перез вели дека се „двете најголеми измами“.

„Објавените цитати се дел од разговорот кој тајно го сними господинот Хосе Антонио Белан, кој со години, без успех, се обидува да ја продаде оваа снимка. Ме чуди што „Ел Конфиденсиал“ ги објави денес, бидејќи помина многу време“, напишал Перез, наведувајќи дека се работи за изолирани цитати кои се извлечени од контекст.

Перез истакнал дека причина за објавувањето на разговорот е Суперлигата.

„Објавени се денес, по толку многу години, бидејќи бев една од движечките сили на Суперлигата. Ова сега е во рацете на моите адвокати, кои испитуваат какви правни кации ќе преземат“.

Перез: Раул и Касилјас се најголемите измами на Реал Мадрид!

Share
Scroll to Top