Фремптон изеде ќотек од маринецот, па замина во пензија

Фремптон изеде ќотек од маринецот, па замина во пензија

пред 3 години

Ирскиот боксер Карл Фремптон замина во пензија без трета светска титула, откако изеде голем ќотек од американскиот маринец Џамел Херинг, предизвикувајќи го неговиот агол да го фрли пешкирот.

Поранешниот шампион во супер-бантам и перо категорија, беше предизвикувач за ВБО титулата во супер-перо на Херинг за да стане најуспешниот ирски боксер во историјата, меѓутоа Американецот беше доминантен и го прати двапати на подот во петтата и шестата рунда пред неговиот агол да реши дека тој изел доста ќотек.

Фремптон по мечот изјави дека на 34 години и со две деца дома, решил да се посвети на семејството.

„Реков дека ќе се пензионирам ако загубам и тука сум сега. Го посветувам мојот живот и кариерата на моите деца. Ми недостасуваа додека растеа и сега сум нивни“, изјави Фремптон.

Share
Scroll to Top