Фрчат откази во Њујорк Никс

Фрчат откази во Њујорк Никс

пред 4 години

Продолжува чистката во Њујорк Никс. Откако франшизата ја прекина соработката со Таж Гибсон, Боби Портис и Елфрид Пејтон, откази добија уште тројца кошаркари. Членови на Њујорк Никс повеќе не се Вејн Елингтон, Тео Пинсон и Кени Вотен.

За овие тројца, Никс, на годишно ниво издвјуваа 35.000.000 долари. Американските медиуми пишуваат дека челниците на клубот веќе ја договориле соработката со Гордон Хејворд од Бостон Селтикс, а на добар пат биле и да го вратат 37-годишниот ветеран Кармело Ентони.

Во меѓувреме, Никс ја договориле и соработката со резервниот центар на Јута Џез, Ед Дејвис. Дејвис во Никс ќе игра за годишна плата од 5.000.000 долари.

Share
Scroll to Top