Фрчеa тупаници и шлаканици – многу крв пред борбата во Лас Вегас

Фрчеa тупаници и шлаканици – многу крв пред борбата во Лас Вегас

пред 3 години

Зовриваат страстите пред борбата меѓу Канело Алварез и Кејлеб Плант. По вербалниот судир на прес-конференцијата, отидоа и чекор понатаму. За време на фотографирањето пред мечот, ги вкрстија тупаниците.

Алварез и Плант на 6. ноември ќе се борат за ИБФ титулата во суперсредна категорија. Додека стоеја еден до друг Алварез го оттурна противникот, па Американецот замавна со левата рака. Не успеа Кејлеб да го удри Канело, кој се наведна и двапати удри во ривалот.

Набрзо потоа тепачката престана, а Плант заработи повреда на носот и на десната јагодична коска.

Еве како изгледаше сето тоа:

Share
Scroll to Top