Фудбалер на „Брера“ нападна играч од „Тиквеш“ по вчерашниот натпревар

Фудбалер на „Брера“ нападна играч од „Тиквеш“ по вчерашниот натпревар

пред 8 месеци

Фудбалер од ФК „Брера“ од Струмица нападна играч на ГФК „Тиквеш 1930“ од Кавадарци, по вчерашнниот натпревар од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Фудбалерот е приведен, а според информациите од МВР се работи за Ѓ.И.(28) од Република Србија.

„По завршување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ГФК „Тиквеш 1930“ од Кавадарци и ФК „Брера“ од Струмица, одигран на Градскиот стадион во Кавадарци, Ѓ.И. – играч на ФК „Брера“, физички го нападнал Д.К.(32) од Прилеп – играч на ГФК „Тиквеш““, информираа од полицијата.

По документирање на настанот против фудбалерот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Натпреварот заврши со победа на „Тиквеш“ врз „Брера“, по вторпат оваа сезона.

Share
Scroll to Top