Фудбалскиот „татко“ на Марадона не знае дека „Ел Пибе“ е мртов

Фудбалскиот „татко“ на Марадона не знае дека „Ел Пибе“ е мртов

пред 3 години

Смртта на Диего Армандо Марадона ја потресе целата планета. Но има и луѓе кои се уште не ја дознале тажната вест.

Поранешниот селектор на Аргентина, Карлос Билардо, кој ги предводеше „гаучосите“ до светската титула во Мексико, боледува од невролошки пореметувања, се наоѓа на домашна нега и никој нема храброст да му ја соопшти тажната вест.

Многу пати во кариерата, Билардо, кој во три бил селектор на Аргентина на три светски првенства (1982, 1986, 1990), истакнувал дека Марадона му е како син, кој никогаш не го имал.

„Не можам да му кажам дека Марадона е мртов. Го сакаше како свој син“, рекол братот на Карлос Билардо, Хорхе.

Медицинските сестри кои се грижат за здравјето на Билардо му забраниле да гледа телевизија.

Share
Scroll to Top