Футсалерите на „БтоБет“ подготвени за стартот на Хоби фер-плеј лигата

Футсалерите на „БтоБет“ подготвени за стартот на Хоби фер-плеј лигата

пред 3 години

БтоБет (BtoBet), македонска компанија за развој на платформа за онлајн казино и спортско обложување, која неодамна се истакна меѓу најдобрите во индустријата, живее во спортски дух.

Работејќи секојдневно со продукт кој е тесно поврзан со спортот, несомнено може да се претпостави дека луѓето кои работат во БтоБет се љубители на спортот и здравиот начин на живот и баш затоа се редовни учесници на маратонските трки во Скопје, Охрид и Битола, како и во други спортови.

Од оваа година БтоБет, во рамките за подршка на алтернативни спортови, ќе поддржува еден аматерски футсал тим кој закрила на компанијата, носејќи го името БтоБет, ќе учествува во Хоби фер-плеј лигата.

Футсал тим на БтоБет е составен од осуммина футсалери. Тие заедно играат од 2005 година и имаат големо искуство од учество на турнири и натпревари низ целата држава.

Хоби фер-плеј лигата ќе започне на 17 мај. Планирано е да се одиграат 30 натпревари, доколку тоа го дозволи актуелната епидемиолошка ситуација.

Со ова спонзорсто, БтоБет истовремено ги мотивира своите вработени да учестуваат на сите настани кои ќе ги организира компанијата со цел подобрување на целокупното здравје на сите учесници.

Share
Scroll to Top