Тајсон Фјури и Ентони Џошуа за неколку месеци ќе решат кој од нив двајца, во моментов е „кралот“ во тешка категорија. Боксерите го потпишаа договорот, а борбата ќе се одржи во јуни или јули надвор од Велика Британија. Исто така е познато дека до крајот на годината ќе има уште една борба помеѓу Фјури и Џошуа.
Од првиот меч двајцата ќе заработат вистинско богатство. Според договорот од првата борба Фјури и Џошуа ќе заработат по 100 милиони фунти. Кога станува збор за втората борба, финансиски подобро ќе мине победникот од првиот меч. Постигнат е договор парите да се делат 60-40 во корист на победикот од првиот меч.
Фјури е шампион во верзијата на ВБЦ, додека Џошува е шампион во четири верзии (ВБО, ВБА, ИБО, ИБФ).