Сингапур ГП трката нема да се оддржи ниту оваа сезона поради пандемијата на корона вирусот, предизвикувајќи големи проблеми за организаторите на Формула 1 шампионатот, посебно по најавите дека и Јапонија, Бразил, Австралија и Мексико размислуваат за откажување.
Сингапур одамна има поставено стриктни услови за влегување во територијата на градот-држава, и властите јасно им кажале на организаторите дека е невозможно да се организира трката.
Една од потенцијалните алтернативи е да се тркаат во Муџело, каде што и лани имаше трка под името Тоскана ГП.