Хабиб: Некој ќе направи криминал и сите ги обвинуваат Дагестанците

Хабиб: Некој ќе направи криминал и сите ги обвинуваат Дагестанците

пред 3 години

УФЦ легендата Хабиб Нурмагомедов ги обвини руските медиуми дека намерно посочуваат на криминалот кој се прави од страна на неговите сонародници, Дагестанците, по нападот во метрото во Москва кој ја крена нацијата на нозе.

Роман Ковалев доби орден за храброст, откако се обиде да заштити една жена која била малтретирана од тројца Дагестанци, кои потоа брутално го нападнале и го пратиле во болница. Нурмагомедов вели дека медиумите нефер известуваат за инцидентот.

„Некој ќе истепа некого, и секаде ќе пишат дека се Дагестанци. И ние имаме чувства. Има 3.5 милиони, можеби 4 милиони Дагестанци. Погрешно е кога еден човек ќе направи лоша работа, да се пишува во медиумите само: ‘Дагестанци, Дагестанци’. Има можеби 15, 20, да заокружиме на 100 такви луѓе. Но, има 3.5 милиони Дагестанци – интелектуалци, научници, спортисти, доктори. Тие вредно го претставуваат Дагестан, но и цела Русија. Но, кога еден болен човек ќе направи нешто лошо, сите медиуми кажуваат само Дагестанци. На пример, како се викаше човекот кој ја доби наградата? Роман Ковалев, сите го знаат тоа. А како се имињата на тие тројца Дагестанци? Никој не знае, кажете ги нивните имиња, не велете само Дагестанци“, вели Хабиб.

Share
Scroll to Top