Хабиб не се враќа, ќе се посвети на студиите и на овците!

Хабиб не се враќа, ќе се посвети на студиите и на овците!

пред 4 години

Хабиб Нурмагомедов го демантираше шефот на УФЦ, Дејна Вајт, дека неговиот камбек во кафезот е „чиста формалност“, објаснувајќи дека сака да се фокусира на добивањето на факултетска диплома и на економски инвестиции во фармерството.

Вајт неодамна изјави дека Хабиб уште е во системот за анти-допинг контрола и по убедливата победа на Џастин Гетџи минатиот месец и дека тоа докажува дека тој уште планира да се бори, посебно бидејќи сака да оди на 30-0 скор.

Хабиб, пак, веќе има руска „петолетка“ за својата иднина.

„Можеш да се бориш до својата 40-та година, но треба да постои некоја цел. Имав цел да бидам на врвот и стигнав таму. Понатаму, немам конкурентен интерес. Следната година ќе дипломирам економија на Плеханов универзитетот, и сакам да одам понатаму на мојата дипломска работа и да се посветам на учењето. Исто така си купив овци, сакам да бидам фармер. Да го развивам ова поле за мене. Имам бикови, крави, и работа за иднината“, вели 32-годишниот Нурмагомедов зборувајќи во својот роден Дагестан пред група на млади луѓе.

Покрај овие интереси, Нурмагомедов во средата ја промовираше сопствената виртуелна телефонска мрежа, а исто така подготвува онлајн курсови со фајтерската школа во Дагестан.

Share
Scroll to Top