Хамилтон: Ботас е најдобриот колега кој сум го имал

Хамилтон: Ботас е најдобриот колега кој сум го имал

пред 3 години

Седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон го нарече Валтери Ботас својот најдобар тимски колега во кариерата, откако беше потврдено дека Финецот ќе се приклучи на Алфа Ромео од 2022 година.

Овој потег значи дека Џорџ Расел од Вилијамс најверојатно ќе биде новиот колега на Хамилтон и покрај шпекулациите дека на шампионот не му се допаѓа таа идеја. Шефот на Мерцедес, Тото Волф претходно изјави дека Ботас заслужил да остане во тимот и Хамилтон се согласува со пофалбите.

Хамилтон од стартот на кариерата во 2007, возеше покрај тројца светски шампиони – Фернандо Алонсо, Џенсон Батон и Нико Розберг, како и Хеики Ковалаинен.

„Многу сум горд што работев покрај Валтери Ботас последните пет години. Бевме дел од тимот кој освои 4 титули кај возачите и 4 кај конструкторите и постојано се мотивиравме да одиме напред. Благодарам Валтери Ботас, да завршиме силно“, напиша Хамилтон на социјалните мрежи.

Share
Scroll to Top