Хамилтон: Нема потреба јас да го бранам Ботас

Хамилтон: Нема потреба јас да го бранам Ботас

пред 4 години

Луис Хамилтон повторно лесно „избега“ со титулата во сезоната 2020, откако неговиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас повторно не успеа да го предизвика и едвај го сочува второто место во генерален пласман од Макс Ферстапен.

Слабоста на Ботас најдобро беше покажана кога младиот Џорџ Расел од Вилијамс го замени Хамилтон на трката во Бахреин откако Британецот се зарази со КОВИД-19, и успеа да го стави во сенка со перформансите во квалификациите и во трката.

Хамилтон, сепак, го пофали Финецот и вели дека нема потреба тој да го брани од критиките.

„Мислам дека Валтери не мора да си ги брани своите перформанси, така што нема потреба ниту јас да го правам тоа. Тој работеше напорно, во квалификациите секогаш беше неизвесно и не е лесно да имаш силен клупски колега. Постојано има битка со него, ментално и емоционално во текот на целата сезона. Јас и тој успеваме да заддржиме џентлменска работна атмосфера надвор од патеката и мислам дека тоа го покажува неговиот посебен карактер“, вели Хамилтон.

Share
Scroll to Top