Харден: Без навреда, јас сум елитен играч, лидер, соиграч, сакам да се борам за титулата

Харден: Без навреда, јас сум елитен играч, лидер, соиграч, сакам да се борам за титулата

пред 3 години

Џејмс Харден по 10 години го напушти Хјустон. „Брадата“, кариерата ќе ја продолжи во Бруклин Нетс.

Харден во финишот на минатата сезона кажа дека повеќе не сака да го носи дресот на Хјустон и побара да биде разменет во тим што има шампионски амбиции.

„Не сакав никого да навредам. Само кажав дека овој тим не може да се бори за титулата. Во овој момент од кариерата тоа е она што го сакам јас“, рекол Харден, истакнувајќи дека е елитен играч.

„Јас сум елитен играч, елитен лидер и елитен соиграч“.

Двократниот МВП во лигата ги минал медицинските прегледи во Бруклин, но се уште не тренирал со новите соиграчи.

Share
Scroll to Top