Чекон со светски рекорд, ново злато за Ледецки

Чекон со светски рекорд, ново злато за Ледецки

пред 2 години

Италијанецот Томас Чекон постави фантастичен светски рекорд на 100 метри грбно на Светското првенство во Унгарија, додека Американката Кејти Ледецки запиша уште едно злато во својата колекција.

Чекон испливаа 51.60 за да го подобри за 0.15 секунди претходното најдобро време на Американецот Рајан Марфи, поставено на Олимпијадата во Рио во 2016 година. Марфи заврши втор во трката со 0.37 секунди послабо време, а бронзата отиде кај уште еден Американец, Хантер Армстронг со 0.38 секунди заостанување. Ова е прво злато за Чекон во кариерата.

Ледецки, пак, стигна до своето 17. светско злато и четврто на 1.500 метри, победувајќи со време од 15:30.15, завршувајќи дури 14.74 секунди пред сонародничката, 16-годишнат Кејти Грајмс. Ледецки има барем четири светски титули на 1.500, 800 и 400 метри слободно.

Добриот ден за Италија го потврди тинејџерката Бенедета Пилато со злато на 100 метри градно со 1:05.93, за 0.05 секунди пред Германката Ана Еленд и 0.09 пред Литванката Рута Меилтите.

Share
Scroll to Top