Челси го пратија Емерсон Палмиери на позајмица во Лион

Челси го пратија Емерсон Палмиери на позајмица во Лион

пред 3 години

Бекот на Челси, италијанскиот интернационалец Емерсон Палмиери е пратен на позајмица во Лион до крајот на сезоната, потврдија од премиерлигашот.

Емерсон, кој пристигна во Челси од Рома во 2018, не успеа да се наметне како стандарден првотимец, и сега ќе се обиде во Лига 1, а Лион има шанса да го купи на крајот на сезоната. Лион ќе платат 500.000 евра за позајмицата и дополнителни бонуси до 500.000 евра.

27-годишниот Емерсон имаше 71 настап за Челси во три и пол години во тимот, и честопати беше замена зад Маркос Алонсо и Бен Чилвел. Тој е четвртиот играч кој заминува на позајмица од Челси по Били Гилмор (Норич), Мичи Батшуаи (Бешикташ) и Кенеди (Фламенго).

Share
Scroll to Top