Челси извлече бод на „Енфилд“ со 10 фудбалери

Челси извлече бод на „Енфилд“ со 10 фудбалери

пред 3 години

Премиерлигашкото дерби на „Енфилд“ меѓу Ливерпул и Челси донесе интересен и возбудлив фудбал. На крајот мечот заврши со поделба на бодовите.

Во првото полувреме фудбалерите предводени од Јирген Клоп повеќе ја имаа топката во нозете, но гостинот од Лондон прв дојде во водство.

Риз Џејмс нафрли од корнер од левата страна и додека сите дефанзивци беа насочени кон Лукаку, на првата статива Каи Хаверц со одмерен удар успеа да го лобува голманот на „црвените“ Едерсон за водство на „сините“ од 1-0.

„Црвените“ имаа повеќе удари кон противничкиот гол во првите 45 минути, а во судиското надополнување на првото полувреме настана вистинска мешаница пред голот на Менди. Топката помалку среќно од пречката се одби во поле, а Садио Мане ја испрати кон мрежата.
На гол линијата интервенираше Риз Џејмс, па топката од неговото тело удри во раката и заврши во поле. По ВАР сигнализација судијата на мечот отиде да ја прегледа снимката. Без многу размислување покажа на белата точка, а на Џејмс му го покажа патот кон соблекувалната.

Мо Салах лесно реализираше од пенал за 1-1 на полувреме.

Ова е пеналот за Ливерпул во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме.

Во второто полувреме Ливерпул беше тимот кој беше поблиску до преостанатите два бода. „Црвените“ упатија дури 6 удари (Жота, Хендерсон и Ковачиќ беа најблиску до реализација) во рамки на голот на Едерсон, наспротив само едниот обид на избраниците на Тухел.

Со освоениот бод и двата тима останаа на втората, односно третата позиција на табелата со по 7 освоени бодови, зад лидерот Вест Хем.

Share
Scroll to Top