Четири англиски и германски екипи во осминафинале, Реал Мадрид ја брани честа на Шпанците

Четири англиски и германски екипи во осминафинале, Реал Мадрид ја брани честа на Шпанците

пред 2 години

Групната фаза на Лигата на шампиони секогаш носи возбудувања, интересни мечеви, но сега е време за вистинското – нокаут фазата, каде што секоја грешка се казнува остро и каде што само најдобрите можат до трофејот.

Актуелните шампиони, Реал Мадрид, рутински го освоија првото место во својата група и носителско место во жрепката, но куриозитет е што се единствениот шпански клуб кој успеа да ја мине групната фаза, за разлика од четирите премиерлигаши (Ливерпул, Челси, Манчестер сити и Тотенхем) и уште позачудувачки, четирите бундеслигаши (Баерн, Дортмунд, Франкфурт и Лајпциг).

За одбележување е и „големината“ на клубовите кои продолжуваат во Лига Европа – поранешните европски шампиони Барселона, Јувентус, Ајакс и Баер Леверкузен ги освоија третите места во своите групи.

Ждрепката за осминафиналето ќе се оддржи во Куќата на европскиот фудбал во Нион, Швајцарија во понеделник на 7 ноември напладне. Носителите ќе ја имаат предноста на домашен терен – односно првиот меч ќе го играат на гости, а исто така не можат да се „паднат“ клубови од иста земја и од иста група во која биле досега.

Ждрепката за четврт-финалето и полуфиналето се очекува на 17 март 2023 година. Осминафиналните дуели ќе се играат на 14/15 и 21/22 февруари 2023, а реваншите на 7/8 и 14/15 март 2023.

Финалето на ЛШ оваа сезона се игра на „Ататурк олимпискиот стадион“ во Истанбул, Турција на 10 јуни 2023 година.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ПЛАСИРАНИ ВО 1/8 ФИНАЛЕ
Носители
Челси (Анг) (*)
Манчестер сити (Анг) (*)
Тотенхем (Анг) (*)
Реал Мадрид (Шпа) (*)
Баерн Минхен (Гер) (*)
Наполи (Ита) (*)
Порто (Пор) (*)
Бенфика (Пор) (*)
Неносители
Ливерпул (Анг)
Борусија Дортмунд (Гер)
Ајнтрахт Франкфурт (Гер)
РБ Лајпциг (Гер)
Интер (Ита)
Милан (Ита)
Клуб Бриж (Бел)
Пари Сен-Жермен (Фра)

Како третопласирани продолжуваат во Лига Европа:
Ајакс (Хол)
Барселона (Шпа)
Баер Леверкузен (Гер)
Севилја (Шпа)
Спортинг Лисабон (Пор)
Шахтјор Доњецк (Укр)
Ред бул Салцбург (Авт)
Јувентус (Ита)

Share
Scroll to Top