Чеферин: Потсетете го Инфантино дека е Европеец

Чеферин: Потсетете го Инфантино дека е Европеец

пред 10 часа

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, вели дека Џани Инфантино не траба да заборави дека е Европеец.

Дополнително, Чеферин го нарече планот на неговиот колега од ФИФА „полош од Суперлигата“.

Порано овој месец, ФИФА го отфрли планот на Инфантино за основање нова подружница, која би управувала со комерцијалните права и правата за билети за сите натпреварувања на ФИФА, при што 21 отсто би биле продадени на приватна инвестициска компанија.

УЕФА го предводеше противењето на планот, а нејзините членови гласаа за бојкот на Светското првенство доколку идејата не се напушти.

„Мислам дека овој план е уште полош од планот за Суперлигата“, рече Чеферин.

„Апсолутно сум сигурен дека планот е мртов. Тешко е да се замисли какви луѓе би продавале спорт што им припаѓа на сите. Нема да дозволиме тоа да се случи“, додаде Словенецот.

Чеферин вели дека УЕФА немала претходно знаење за планот на Инфантино и дека дознал за него од медиумите.

„Тој не ме контактирал откако се случи ова. Тие (ФИФА) си играат на темата: „Знаете, арогантната Европа е против нас. Тие имаат доволно пари, но јас им помагам на малите и сиромашните.

Некој треба да го потсети дека е Европеец и дека УЕФА го поддржува, ова изгледа Инфантино го заборавил“, додаде Чеферин.

foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top